ЛО Охрид: Закон за легализација на криминално стекнатиот имот

Левица Охрид Легализација Дивоградби

Пратениците на власта и опозицијата ( со исклучок на пет пратеници, меѓу кои пратениците на Левица, кои гласаа против), сложно си го изгласаа Законот за легализација на бесправно изградени објекти и со тоа извршија озаконување на кривични дела.

Всушност, овој е закон за легализација на кривично дело, закон со кој се поништуваат донесени правосилни одлуки , противуставен закон со кој се прекршуваат повеќе закони, како Законот за заштита на природата , Законот за заштита за води, Законот за урбанистичко планирање и.т.н

Како што е веќе познато , во Охрид легализација чекаат околу 20 000 дивоградби и тоа изградени во заштитен појас, оддалечени педесетина метри од езерото, а кои можат да бидат легализирани. И покрај тоа што охридскиот регион беше изземен од овој закон, доказ дека невозможното може да стане возможно , претставува еден од многуте примери, а тоа е ресторанот ,,Острово” , лоциран на островчето на изворите кај Св. Наум, кој се наоѓа во строго заштитена зона на Националниот парк Галичица , во еден од највиталните делови на единственото светско и културно наследство во земјава.

Дали ќе биде легализирано или срушено,, хотелчето” кај Лагадин и базенот Аквалина, кои се изградени на самиот брег на езерото?

Оттука произлегува дека со изгласувањето на овој закон, се легализира кривичното дело на урбаната мафија во Охрид, како и незаконското работење на надлежните институции во Охрид.

Кој и зошто дозволи Охрид да се претвори во град на дивоградби?

Зошто Градежната инспекција останала глува и нема пред урбаниот хаос во Охрид? Поради закани и притисоци, или поради лична корист на градежните инспектори?

Дали некој ќе изврши ревизија на работењето на сите градоначалници во Охрид , од осамостојувањето до денес, како и ревизија на Секторот за урбанизам? За ова чисто се сомневаме додека двете големи партии се менуваат во Локалната власт.

Дали некој ќе сноси законска одговорност за уништувањето на градот заштитен од УНЕСКО, уништување поради остварување на сопствени интереси и интересите на бизнис елитата во Охрид?

И, затоа, небулозна и лицемерна е изјавата на Премиерот дека доколку не се спроведе овој закон ќе бидат срушени 50 000 домови на сиромашните. Не Премиере, ќе бидат срушени хациендите и замоците, дивоградби во сопственост на пратениците со чија градба извршиле кривично дело.
Со Законот за легализација на бесправно изградени објекти само се врши озаконување на кривичните дела на пратениците од власта и опозицијата , на градоначалниците и на урбаната мафија.

Поголемо дно на можевте да достигнете.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
17 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ