(Видео) Апасиев: Левица предложи Закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување во корист на сиромашните, а не на богатите

Димитар Апасиев Палестинка марама Израел
Обраќање на пратеникот, Димитар Апасиев, по повод поднесениот Предлог-закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување од страна на Левица, кадешто ги образложува разликите од Законот, кој го предложи Владата преку министерот Венко Филипче.
 
„Овој закон, за разлика од владиниот е во корист на сиромашните, а не во корист на богатите. Зошто? Затоа што има утврдено квота од педесет легла по приватна болница, која што ќе падне на терет на Фондот за здравствено осигурување, за разлика од владиниот, кој што само ги регулира цените, со тоа ги ограничува профитите на бизнисмените и на овие сопственици на приватни болници, но не го решава проблемот на мнозинството од граѓаните, кои што живеат или со две евра на ден – тоа се половина милион луѓе, или со плата од минималец од 250 евра да претпоставиме дека и двајцата родители се на минималец, тоа е 500 евра. Ќе им треба една година да ги заштедат овие 6000 евра под услов да живеат на воздух во меѓувреме. Тоа значи дека овој закон кој го предлага Владата, за разлика од нашиот, не ги тангира сиромашните.“
 

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ