Левица – Велес: Спортската сала „Гемиџии” не ги исполнува условите за одржување на сребрената лига во одбојка

Левица Велес Гемиџии одбока

Велес требаше да биде домаќин на групната фаза од одбојкарската сребрена лига во периодот од 21 до 23 мај.
Освен македонската одбојкарска репрезентација, на овој меѓународен турнир, ќе учествуваат одбојкарските репрезентации на Израел, Кипар и Данска.

И покрај најавите и ветувањата од страна на градоначалникот на Општина Велес и Агенција за млади и спорт на чело со директорот Наумче Мојсовски дека ќе ги санираат сите недостатоци и салата ќе ги исполнува сите услови за одржување на меѓународни натпревари, за жал не ни започнаа со преземање на активности за справување со недостатоците.

Поради неодговорното работење на локалните власти, Велес повеќе од две децении не е домаќин на официјални меѓународни натпревари.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
20 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ