Левица – Свети Николе: Градоначалникот ветуваше еколошка оаза, а добивме еколошка катастрофа

Левица Свети Николе

„Диви депонии повеќе нема да има, ќе се организира собирање на сметот од сите села а Општина Свети Николе ќе ја направиме еколошка оаза со која сите ќе се гордееме“ – беа зборови на актуелниот градоначалник Сашо Велковски на централниот предизборен митинг на СДС одржан во Свети Николе пред последните локални избори.

Но, од еко-оазата нема ништо. Секое село во општината има најмалку една дива депонија (зависно од големината), дивите депонии се расеани врз плодното овчеполско земјиште, додека локалните власти не мрдаат ни со прст.

Редовното чистење на градскиот смет е сведено на ниво на мисловна именка, транспортот на истиот на уште покатастрофано ниво, распоред за чистење на улиците не постои, единствено функционира наплатата на давачката за ѓубрарина.

Наместо ветената борба против градењето на регионална депонија која ќе го собира отпадот од 12 општини, светиниколчани добија само спроведувачи на оваа идеја додека бројот на општини кои ќе го носат сметот во овчеполието порасна на 18.

Излетничките места претрупани од смет, наместо да ги чисти Комуналното Претпријатие ги чистат локални активисти. Накратко ова се еко-успесите на локалната власт за последните 4 години.

ЛОКАЛЕН ОГРАНОК ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
21 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ