(Видео) Како Кочо Анѓушев манипулираше дека домаќинствата се прв загадувач на воздухот?

Левица Кочо Анѓушев

Токму човекот кој дозволи да се увезува токсично масло под лажен назив “мазут”, во 2017 година убедуваше дека индустријата е дури трет причинител за загадување на воздухот. Ваквото префрлање на одговорност на сиромашните граѓани, кои немаат пристап до евтини енергенси, е безобразно манипулирање со јавноста и свесно изложување на опасност на животот и здравјето на граѓаните.

Тони канцерогено гориво биле увезени во Македонија за време на владеењето на СДСМ, гориво кое во Европа е дозволено да се користи само за бродски транспорт и кое е ЗАБРАНЕТО за употреба во урбана средина. Поради криминалните апетити за богатење на функционерите на власта, како и поради изостанувањето на процесот на гасификација заради штетни геополитички одлуки – државните институции со употребата на ваков енергенс континуирано ги труеле граѓаните.

Од друга страна, фирмата „Брако” на Кочо Анѓушев и поранешното „Фени Индустри”, увезувале тони канцерогено масло поради неговата евтина цена, со што ги минимизирале своите трошоци – а ја максимизирале смртноста од загадување.

Прашуваме јавно зошто истражните органи се уште не го повикале поранешниот директор на Царинска управа, Ѓоко Танаскоски? Исто така, јавноста очекува одговор од актуелниот директор Горан Сугарески дали се уште приватни фирми користат токсично гориво како енергенс?
Намерното непостапување на институциите за разоткривање на ваквиот организиран криминал, каде директно се инволвирани функционери на власта, јасно укажува дека Владата е подготвена да го жртвува здравјето и животот на граѓаните – за да ги задоволи криминалните интереси на своите блиски функционери.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕЛЕН СЕКТОР
21 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ