ЛО – Битола: И битолската болница го користела забранетото токсично масло под називот „мазут”

bitola

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Битола, како најзагаден град во регионот со највисока стапка на смртност од канцерогени заболувања, дополнително се загадува од страна на државната клиника „Др. Трифун Пановски”, која користела и се’ уште користи токсично прегорено масло под називот „мазут” за греење.

На ден 17.06.2018 година, тогашниот директор од СДСM, Зоран Лазаров, преку ДООЕЛ ЕВРОТИМ ГДС – Кичево, набавил 700 тoни токсично масло по цена утврдена од регулаторна комисија во тендерска вредност од 12.750.000 денари. Потсетуваме дека Зоран Лазаров е во бегство во странство поради судски процес за извршена проневера.

Потрошени се вртоглави тендерски сум за токсично масло што предизвикува канцерогени болести, наместо за гасификација на болниците, со кои ќе се заштити задравјето на битолчани, кои дополнително се трујат од РЕК Битола.

Во Битола преовладува токсична средина, каде што локалната и централната власт на СДСМ не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните. Напротив, овој град кој е во подножјето на Пелистер како синоним за чист воздух, е свиен во црн канцероген облак.

Да не се занемарат оние кои пружиле иницијатива за почист воздух во Битола, а истите биле задушени од општинската власт за лични профитерски интереси.

Како што градот плаќал во жртви за неговото системско уништување и труење од страна на естаблишментот, голема ке биде и одговорноста за последиците кои ќе бидат наплатени од жителите на овој град.

Битола нема да заборави!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА ЛО – БИТОЛА
22 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ