Левица – Струга: Поднесена кривична пријава за запалена трска на струшкото крајбрежје

Левица Струга

Левица поднесе кривична пријава против непознат сторител за еколошката катастрофа, која се случи минатиот месец на Струшкото крајбрежје. Подметнатиот пожар опфати подрајче со должина од околу 450 метри и ширина од околу 50 метри, со намера да се сопре природниот раст на трската. Овој настан се случил и покрај предупредувањата до сопствениците на земјиштето што граничи со пешачката патека – дека ќе бидат казнети доколку палат трска на државно земјиште, како што објави самиот Државен инспекторат за животна средина.

Со ваквото инкриминирано противправно дејствие, во целост се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност, за сторено кривично дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, казниво по член 264 од Кривичен Законик.

Секоја година жителите на Струга се сведоци како неповратно се уништува Охридското крајбрежје, преку нелегална узурпација, градење дивоградби, палење трска – додека надлежните институции ваквите случаи не ги санкционираат. И покрај ригорозните извешта на УНЕСКО дека овој споменик на природата, со сите негови автентични белези, е пред губење на заштитениот статус, таткото на градот – Рамиз Мерко тврди дека во Струга нема дивоградби.

Јасно е дека дивеењето и криминалите на крајбрежјето на Охридското езеро се под директна заштита на властите во спрега со неколку локални моќници. За овој случај, уште истиот ден до Левица пристигнаа информации дека од партијата ДУИ се реагирало до Министерство за животна средина да се заташка случајот.

Искуството низ годините јасно покажува дека за функционерите на ДУИ не важат никакви законски регулативи и затоа е потребна нова политичка гарнитура, која ќе ги процесира неотворените кривични пријави против вечниот коалиционен партнер.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУГА
25 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ