Општина Демир Хисар продолжува со партиските вработувања на наместени огласи за работа!?

Демир Хисар

И покрај тоа што општината е пренатрупана со работници, локалната власт во општина Демир Хисар не запира со партиски вработувања. Овој пат станува збор за вработување на КАФЕ-КУВАР кој ќе биде и ХИГИЕНИЧАР за чистење на канцелариите, поради тоа што агенцијата за чистење со која општината има договор е задолжена за хигиенски услуги само во ходниците и тоалетите на општинската зграда!

Праксата за партиски вработувања на СДСМ продолжува со исто темпо како во времето на ВМРО-ДПМНЕ и покрај пренатрупаноста и непотребноста на одредени работни позиции како во случајов.

Што е следно само за да се дојде до глас повеќе на избори?
Заменик на кафе-куварот?
Шофер на шоферите?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ДЕМИР ХИСАР
29 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ