Левица – Карпош: Богоев посветено работи на бетонизација на Козле

Левица Карпош Богоев Козле

Себе фалењето на Богоев завиткано во манипулирање и лажење на жителите на Општина Карпош добива на интензитет. Додека секое утро на националните телевизии и социјалните медиуми спроведува пропаганда за наводен зелен и еколошки Карпош, во реалноста спроведува немилосрдна бетонизација на Општина Карпош.

Предлог Деталниот урбанистички план за четврт Ј 04 има за цел бетонизација на Козле што е спротивно на интересите и потребите на жителите на Козле и Општина Карпош. Со предлог ДУП-от предвидени се 50-тина нови објекти на високите делови на Козле, во рамките на К.О. Долно Водно. Најголем дел од нив ќе бидат на четири нивоа и висина од 10,2 метри.

Со спроведувањето на овој ДУП ќе се уништи огромна површина на зеленило, а бетонскиот ѕид ќе биде пречка за струење на чистиот воздух од Водно кон урбаниот дел на Скопје. Бројните габаритни објекти се и потенцијална закна за појава на ерозија и лизгање на земјиштето.

Левица Карпош ги повикува советниците во Општина Карпош да постапат разумно и во интерес на жителите, а не урбаната мафија, и да го спречат носењето на овој штетен Детален урбанистички план.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
30 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ