Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Дивите депонии во Демир Хисар – Опасност по населението и материјалните добра

    Дивите депонии за кои локалниот огранок на Левица – Демир Хисар последниов период се залага за да се расчистат, не ја загадуваат само околината туку претставуваат и сериозна закана по населението и материјалните добра.

    Од непознати причини се запали една од поголемите диви депонии во општината која е во непосредна близина до “населбата” која е опкружена и со густа шумска површина.
    За среќа, ТППЕ брзо реагираше и пожарот беше навремено локализиран.

    Локалниот огранок на Левица – Демир Хисар на 27.05 (четврток) поднесе и писмено барање до Совет на Општина Демир Хисар за расчистување на дивите депонии и поставување на знаци за забрана за фрлање на отпад. За проблемот да не продолжи, предоживме ЈКП Комуналец да отвори тел. број на кој граѓаните ќе можат да го пријават вишокот на отпад.

    Го прашуваме градоначалникот: Дали знае што ќе се случи доколку се запали “легалната” депонија кај Струговско Езеро?

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕМИР ХИСАР
    31 мај, 2021

    Најнови објави