Како тоа Владата на Заев си решила да се носи и согорува комунален отпад од 48 општини на само 4 километри од Неготино

negotino

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ
Премиерот Зоран Заев деновиве на прес конференција најави извесен „инвеститор од Луксембург“ со кој преговарале околу 8 месеци за отворање на фабрика/централа кај село Дуброво, Неготино. Станува збор за фабрика која ќе има за цел производство на електрична енергија, меѓутоа тој процес ќе се одвива преку согорување на комунален отпад од дури 48 општини (што значи отпадот од 74% од територијата на државата), со користење на плазма технологија, без кислородно согорување на високи температури. Јавните комунални претпријатија од општините ќе треба на инвеститорот да му плаќаат по околу 20 евра по тон за депонирање на сметот, а годишно се очекува да се собираат и третираат помеѓу 700.000 и 1 милион тони годишно отпад.
Оваа т.н. инвестиција е во висина од 336 милиони евра и најверојатно во најскоро време ќе се стави на гласање во Собранието на Република Македонија, бидејќи се планира да се реализира преку Законот за стратешки инвестиции.
Левица – Неготино, во изминатиот период изврши истражување и дозна дека извесна компанија „Зока Енерџи Солушн“ од Неготино, основана од пред околу една година исто така планира да гради ваква централа на истата локација, и дека земјиштето кое планираат да го узурпираат е плодно земјоделско земјиште кое сега според информациите од катастар се води како градежно неизградено земјиште.
За ова, официјално побаравме информации од јавен карактер од општина Неготино на 14 мај 2021, меѓутоа до објавувањето на оваа реакција не добивме одговор.
Затоа јавно прашуваме – дали оваа компанија е всушност таа луксембуршка инвестиција која е најавена? Дека се работи за истата компанија уште повеќе фрла сомнеж фактот дека најавената инвестиција доаѓа од даночниот рај – Луксембург, каде што има десетици илјади фантом компании, со финансии со сомнително потекло од други делови на светот. Која е оваа странска компанија, кој стои позади неа и од каде и потекнуваат финансиите?
За плазма технологијата која е најавена за согорување на комуналниот отпад има доста неуспешни проекти во светот. Поради неправилно функционирање на технологијата има примери кадешто нема можност да се произведе електрична енергија, а ризиците од штета по јавното здравје и животната средина се огромни. Во ЕУ и пошироко нема успешни фабрики, кои користат плазма технологија и согоруваат околу 3000 тони комунален отпад на ден, како што е најавено со оваа инсвестиција од Луксембург.
Зошто градоначалникот Тони Делков, не ги информира жителите на Неготино за оваа „инвестиција“ и за последиците од истата. Зошто тие воопшто не се прашани дали дозволуваат ваква штетна технологија во околината на нивините живеалишта и плодна земјоделска почва!?
Впрочем, самиот Закон за стратешки инвестиции се коси со Архуската конвенција (чиј потписник е и нашата држава), според која е задолжително учеството на јавноста во одлучувањето и пристапот до правдата за прашањата поврзани со животната средина.
Предложената инвестиција ќе се усвојува финално во Собранието на Македонија. Инвеститорот може да користи и државна помош во согласност со Законот за контрола на државната помош, па воедно прашуваме и дали е во план, освен што ќе ја загадува околината, инвесторот да добива народни пари и колку ќе добива?
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО НЕГОТИНО
3 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ