Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Видео) Левица Прилеп: Граѓани чекаат пред Агенцијата за вработување со саати под изговор за “обуки” во работно време

    Според сведоштвата на снимателот, вработени во локалната администрација при Агенцијата за вработување, во работни часови, своеволно, во затворени простории со заклучени врати обавуваат „обуки“ во опуштена атмосфера со пиво и цигари. Без лична заштита и без држење растојание, групирани со часови во иста просторија каде треба да примаат странки, додека турканици од луѓе кои одделиле време да си ги завршат обврските со оваа агенција, буквално се оставени на милост да чекаат по ходниците на оваа установа.

    „Денес околу пладне бев по заверка на контролниот картон во Агенција за вработување. Половина час по завршената пауза, дел од вработените беа групирани и без маска заклучени во една просторија. За тоа време се направи гужва од странки кои чекаа во ходникот. Влегов во другата просторија, каде што работеше еден од вработените, а тој разочаран од односот на дел од колегите, ме упати во таа просторија, коментирајќи, цитирам:  „..владее тотална анархија, заклучени се од 10ч..“, додека во тој момент беше 12ч. Дури спомна дека и пиво било внесено во просторијата (има чаша се гледа на видеото) како и кутија цигари со запалка. Луѓето револтирани чекале пола саат и тропале, а на тоа никој не се одзвал. Реков да тропнам и јас. Вратата заклучена, внатре се редат муабети. Пробав да ја отворам вратата, малку се подотвори, но на тоа добив контра реакција – туркање од внатршната страна. По вториот обид, успеав да влезам, на штобев поддржан со скандирања од страна на луѓето, кои беа охрабрени на глас да го искажат револтот кој го чувствуваа. Дури и вработениот од спротива упати поддршка. „Така треба! Браво! Ова веќе не е можно и подносливо!…”. За веднаш после реакцијата да почнат работа со странки. (најверојатно обуката им заврши во тој момент).

    Дали се постапува по своеволност од страна на вработените, за кои не е тајна дека доаѓаат и си одат со секоја промена на партиската гарнитура на власт. До кога големите партии ќе ги држат во заложништво сите државни институции, со силеџиско поставување партиски кадар, кој е далеку од компетентен и за кој конкурси не важат, или се „симболичен акт“.  И на овие луѓе ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор (К-15)!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
    09 јуни, 2021

    Најнови објави