Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Тенденциозно уништување на институциите со уништување на колективната меморија

    Деновиве се појавија фотографии од внатрешноста на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде се прикажуват простории во ужасна, руинирана состојба. Секако, во прв момент не делува рационално и за верување дека една институција од вакво национално значење би можела да си дозволи да западне во ваква состојба.

    Но, кога ќе се земе во предвид задачата која актуелната власт ја има преземено, а тоа е уништување на сета национална историја и богатство, јасно е дека се работи за намерен процес. Од друга страна, судејќи и според стратешката определба на таканаречените албански политички партии – да ги додевалвираат и уништат сите национални институции, објавените слики ја добиваат целосната смисла во конкретниов локален историски контекст.

    Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ е една од првите институции формирана со одлука на Антифашитичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 23. ноември 1944 година, кога практично Втората светска војна сè уште не е завршена. Својата традиција на просторот на Република Македонија ја влече и од делото на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и нејзиниот патрон, Св. Климент Охридски. Тоа значи дека се работи за една од клучните институции за националната и колективната меморија. Институција чија основна задача е да го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство за идните генерации!

    Актуелниот директор Фримзим Даути, од партијата ДПА, застанува на оваа позиција декември 2018-та година. Од самиот сајт на универзитетската библиотека може да се заклучи дека активностите и настаните, кои извесен период изобилуваат (одбележувања, изложби, свечености, саеми…), во декември 2018-та сосема замираат, токму датумот кога директорувањето со оваа институција е доделено на партијата (со еден пратеник) ДПА. Две и пол години подоцна, нивната задача комплетно ја исполнуваат, а оваа институција ја руинираат и прават нефункционална, како што оваа власт тоа го направи со многу други институции.

    Но, сепак, државата не се зградите, туку институциите. Па тие, свесно, удирајќи на администрацијата, архивот, музеите, кои се полуфункционални, финансиски ограбени или со променета дејност, функција и име, директно атакуваат по националното ткиво на овој народ. Очигледно, мисијата и визијата на СДСМ се состои во една цел – целосно еродирање на македонското национално достоинство и уништување на темелите на македонската држава.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    10 јуни, 2021

    Најнови објави