Левица – Охрид: Како функционира пунктот за вакцини во Охрид?

пункт за вакцинации охрид

До Левица – Охрид испратена е информација од наш сограѓанин. За тоа како функционира пунктот за вакцинации во Охрид, можете да прочитате во неговата информација, која во целост ја пренесуваме:

„Сашо Денесовски, новинарот и сопственик на Охрид Скај, иначе полтрон на СДСМ, го имаат ставено главен на пункт за вакцинација Билјанини извори. На луѓето први пријавени за вакцинација на кои им беше стигнат редот , а по грешка на системот беа пуштени во друг град , овој ги враќаше и не им дозволи да се вакцинираат во својот град, им викаше или оди си кај шо те пишале по грешка , или откажи си го терминот, иако соопштија дека секој во својот град е дозволено да се вакцинира што е згрешен во системот.

Вакцините што останаа од луѓето шо ги врати си ги распореди на негови луѓе со врски шо уште не им беше ред. Викет, ако му дајш 1000 денари и преку ред ќе те пикнел.”

Тоа е информацијата од охриѓанец и неговото искуство со вакцинирањето. Јавно прашуваме, ако е ова точно и ако дури и за вакцинирање некои граѓани се привилегирани, тогаш како функционира едно општество за сите, слоганот на владејачката СДСМ?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
11 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ