Левица – Карпош: Три сомнителни договори на Општина Карпош – Расфрлањето со пари продолжува

Левица Карпош Стефан Богоев Левица

Стефан Богоев и Општина Карпош продолжуваат со расфрлањето општински пари. Во период од само три месеци Градоначалникот Богоев потпишал три договори со АБЦ-БРОТХЕР во вкупна вредност од 30.894 евра.

Вредноста на договорот за процена на штети од природни непогоди и други несреќи на движен и недвижен имот изнесува 5.691 евро, а истиот е склучен на 1. март оваа година. На 12. мај е склучен договор за сервисирање и одржување на товарни моторни возила во висина од 12.195 евра, а последниот е склучен на 21. мај. Предмет на договорот се услуги за процена на недвижен имот за потребите на Општина Карпош. Овој договор е со вкупна вредност од 13.008 евра.

За потсетување, минатиот месец Стефан Богоев потпиша договор во вредност од 4 милиони денари за одржување на четири фонтани на територијата на Општина Карпош, a кон крајот на минатата година и неколку договори од илјадници евра за огласување во печатени медиуми.

Сето ова се случува во време кога Општина Карпош е една од најзадолжените општини во Република Македонија, па наместо намалување на долгот и насочување на финансиските средства кон решавање на реалните проблеми на жителите, Општината и Богоев се склучуваат низа сомнителни договори.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
12 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ