Левица – Велес: По повод 78 години од смртта на Koста Апостолов Солев Рацин

Левица Велес Кочо Рацин

По повод 78 години од смртта на Koста Апостолов Солев Рацин, членовите на локалниот огранок на Левица во Велес, положија свежо цвеќе на споменикот во центарот на Велес.

Пишаните дела на големиот македонски комунист и еден од најдобрите филозофски мислители, претставуваат врвно интелектуално достигнување преку кое се овековечени маките и страдањата на македонскиот работнички народ, но и неговите стремежи за сопствено национално и социјално ослободување.

„Зашто мојата Сегашност е разрешена од спознанието: дека сум јас работник, роб на господарот којшто за готови пари ја купува мојата сила и дека тие пари ги добива пак од мене, продавајќи го мојот евтин труд за скапа цена. Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот.

Уште и ова: дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зашто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспроти лебот, иако нивната волја ја извршуваат луѓе како што сум и јас – купени за готови пари. И така, гледате, понекогаш ме фаќа ужас од тоа: зошто моето ропство – токму од тоа е неизбежно.

Па сепак, ме утешува и друго спознание: дека робови, како што сум јас, има со милиони во светот, и ми влева храброст помислата: дека спознанието за нашето ропство ќе ни донесе нам свест, а таа, како непобедлива моќ, ќе ни донесе нам и ослободување. Зашто спознанието за начинот на ракување со робовите им донесува на господарите богатство, а нам, на робовите, спознанието дека сме робови ќе ни донесе слобода!” – Коста Солев Рацин.

Слава му!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
13 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ