(Видео) Левица – Прилеп: Сите власти ветуваа, а депонијата се’ уште гори

Депонија Алинци Левица Прилеп Илија Јованоски МУЦЕТО

„По 40 години континуирано депонирање на отпадот, градската депонија „Алинци“ крај Прилеп ќе се рекултивира.“ – информираше бившиот градоначалник далечната 2015-та, кој како партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ уживаше дури 3 целосни мандати. Или точно 12 (дванаесет години) години!
Додека актуелниот градоначалник пак, во 2017-та, пред тогашните локални избори, со понудената локална програма на СДСМ го вети следново:

„Отварање на нова депонија по највисоки светски стандарди!“

Како што сме сите очевидци, ова е само уште едно празно и никогаш остварено ветување од страна на локалните гарнитури. И на ВМРО и на СДСМ. Типично за нив е интензивно да манипулираат и во афект, безгрижно да ветуваат брда и долини, исклучиво во пресрет на избори.
За да денес, ова е изгледот на депонијата с. Алинци, „по највисоки стандарди“!

Членовите на Левица се згрозени од овој крајно игнорантен и потценувачки однос кон обврските према граѓаните, од страна на локалната самоуправа во чија надлжност спаѓаат и комуналните дејности. Па така, во текот на вчерашниот ден повторно го пријавивме пожарот во територијалната противпожаранта станица во Прилеп (ТППЕ Прилеп). Оттаму не’ информираа дека пред четири дена биле испратени четири противпожарни возила, за да помогнат во санација на пожарот на депонијата за која е одговорно јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Комуналец“. На „Комуналец“ било оставено само да изврши насипување со земја (песок) на местото на згаснатиот пожар.

По изминати пет денови, а „Комуналец“ сеуште нема превземено ништо.
Со овој чин на немарност во извршување на законски одредените надлежности на локалната самоуправа, се предизвикува контаминација на подземните води, како и загрозување на квалитетот на воздухот во околината. Деновиве сме сведоци на густи и темни облаци од чад и смог над цела Пелагонија.

Дали актуелниот градоначалник е „презафатен“ со јавните трибини за само себе промоција, па заборава на јавното здравје и помпезните најави и ветувања од почетокот на мандатот?

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
16 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ