Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

И по пет месеци, новите тетовски автобуси не мрднале од мртва точка

Тетово без градски превоз и по пет месеци од набавката на петте автобуси од страна на општината.

На 17 јануари 2021 година, во Тетово пристигнаа пет автобуси од марка Исузу, набавени за 720.000€ народни пари, односно 144.000€ од автобус. Но, и покрај тоа, тие веќе пет месеци седат паркирани во дворот на територијалната противпожарна единица во Тетово.

Левица ЛО Тетово бара одговор од градоначалничката Теута Арифи и од Општина Тетово зошто толку скапите автобуси се’ уште не се пуштени во употреба?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
17 јуни, 2021

Најнови објави