Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Средба на пратеникот Борислав Крмов со стечајци од ,,Центро”

Денес, пратеникот Борислав Крмов оствари средба со претседателот на координативното тело за заштита на капиталот на АД ,,Центро” во стечај – Џенан Џеладин. Некогашниот гигант на продавници, кој во социјализмот броеше над илјада вработени, денес е приватизиран од кипарска фирма под крајно сомнителни околности.

Иако имотот на ова препријатие се проценува над 17 милиони евра, побарувањата на работниците се’ уште не се подмирени. Над 870 вработени од 1993 година правдата ја бараат низ сите институции, но ниту претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, нити актуелната влада на СДСМ, не ја реши судбината на овие работници.

Како што информираа на средбата, со овој проблем се запознаени и актуелниот вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски, како и премиерот Зоран Заев. Иако лично премиерот во 2019 година објави дека е решен проблемот со стечајците, работниците од АД ,,Центро” не се обештетени, под изговор дека се работи за странски капитал.

Пратениците на Левица наредниов период ќе побараат директно одговор од Владата зошто манипулира со егзистенцијата на 870 работници, кои единствено го бараат она што самите го заработиле.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
17 јуни, 2021

Најнови објави