Левица Делчево: Лажните предизборни ветувања на СДСМ од 2017 година неможат да се сокријат

левица делчево сдсм брегалница

Во предизборната програма на СДСМ во Делчево како еден од клучните проекти е предвиден и ” Доизградба и доградување на кејот на реката Брегалница” од Градскиот базен до црквата “Св.Кирил и Методиј” и од Хотел “Македонија” до мостот на улица “Индустриска”.

Денеска граѓаните на Општина Делчево сведочат на морничава глетка во овој дел од градот, каде нема ниту еден метар прогрес во остварувањето на проектот ветен во 2017 година, а предвиден да се финализира во 2018 година ,од страна на партијата на власт.

Се повеќе граѓани пријавуваат дека забележале змии по кејот на река Брегалница и укажуваат на опасноста од зголемување на нивниот број, особено во овој запуштен дел од коритото на реката, од чија лева страна по течението на реката на стотина метри се наоѓаат најголем број од станбените домаќинства во градот и на овој терен секојдневно си играат и шетаат деца.

И покрај итноста од решавањето на ова прашање чие решение ќе превенира од понатамошни незгоди и нанесување материјална штета, сепак овој проект остана како убава идеја на лист хартија за програма за предизборни ветувања, а не и на листата на приоритети на владејачката партија.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
20 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ