Левица – Гази Баба: Ова треба да е канализациска инфраструктура во 21-ви век?

Левица Гази Бабаб Јурумлери

Дали според градоначалникот Борис Георгиевски, ова треба да е канализациска инфраструктура што ги задоволува потребите на граѓаните во 21-ви век?

До кога на жителите на Гази Баба ќе им биде ветувано (за жал неисполнето) нешто што е основна потреба и за што уредно се плаќаат даноци? Дали оваа состојба е согласно европските стандарди, на кои постојано се повикува владата на СДСМ?

Сликите се од населено место Јурумлери, а можете и да ги забележите предизборните ветувања на актуелниот градоначалник на Гази Баба. Тоталната неспособност, корумпираност и криминали кои ги покажа локалната власт изминатите четири години ќе биде причината поради која ќе бидат силно казнети од граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГАЗИ БАБА
20 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ