Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Карпош: Стефан Богоев и тоа како ѝ се погоди на урбаната мафија

    Со платен ПР од Општината лесно е да се води медиумска војна. Но реалноста се темели врз факти. А фактите покажуваат дека Стефан Богоев и тоа како ѝ се погодил на урбаната мафија.

    Според официјалните податоци објавени од Државниот Завод за статистика, минатата година Општина Карпош била втората општина во Република Македонија според бројот на извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени од деловни субјекти што се занимаваат со градежна дејност. Така во оваа Општина минатата година биле завршени станови со вкупна површина од 26.030 метри квадратни.

    Во однос на извршените градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, Општина Карпош во 2020 година била третата општина во Град Скопје според бројот на изградена површина и истата изнесува 5.629 метри квадратни.

    Токму овие бројки се вистински доказ за штетните политики на Стефан Богоев благодарение на кого Општина Карпош прерасна во вистинска бетонска џунгла.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
    21 јуни, 2021

    Најнови објави