Левица – Кичево: Еден месец власта на ДУИ не може да санира една улица

Левица Кичево

Раскопана улица со дупки е сликата која жителите на Кичево ја сведочат на улица „Ужичка”, која речиси еден месец е во оваа состојба. Минатиот месец, во типичната пракса на предизборна кампања, општината додели тендер во износ од 3.115.000 денари за санација на улици.

Иако состојбата во која се наоѓа оваа улица бара целосно асфалтирање, општинската власт предводена од Фатмир Дехари, очигледно не е способна да спроведе дури и најобично крпење на улицата.

Додека светот отиде светлосни години напред, додека Кина гради автопат за 36 месеци (автопатот Каракорм кој е долг 1300 километри и е вистинско чудо на современата архитектура), Кичево со години тапка во место, предводено од визијата на “зелените” ДУИ.

Зошто улицата е оставена во оваа ужасна состојба, која дополнително го отежнува движењето на кичевчани, одговорот само градоначалникот најверојатно го знае. Од сликите може да се види моменталната ситуација и дали за истата е потребно обично “крпење” или целосно асфалтирање – особено ако се има во предвид и енормниот износ на тендерот за оваа намена.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИЧЕВО
22 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ