Левица – Илинден: Жителите на Илинден уште го чекат колекторскиот систем

Левица Илинден

Во својата предизборна програма, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски, ветуваше изградба на фекална канализација и пречистителни станици. Ваквиот проект беше предвидено да чини 150 милиони денари и истиот да биде завршен до 2021 година. Дури пред локалниве избори, срамежливо се најавува почетокот на проектот, во типична предизборна кампања.

Реалноста на терен го докажува спротивното – жителите на Илинден живеат во смрдеа и фекалии, во услови кои потсеќаат на 19-ти век. Оние кои живеат во околината на главниот канал, секојдневно се соочуваат со ваквиот проблем.

Од друга страна, локалната опозиција никаде ја нема за да ги открие пред јавноста ваквите манипулации на градоначалникот, што јасно укажува дека се работи за уште една широка коалиција, во која најмногу страдаат обичните граѓани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ИЛИНДЕН
25 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ