Левица – Кисела Вода: Како изгледа населбата „11 Октомври“ под водство на Филип Темелковски

Левица Кисела Вода

Од ветените проекти на градоначалникот Темелковски, ништо не е реализирано. Во предизборната кампања, Темелковски ветуваше дека ќе го врати стариот сјај на Кисела Вода.

Меѓу ветените проекти се:
– Подобрување на хигиената на
јавните површини;

– Енергетско-ефикасни фасади на
старите згради;

– Решавање на проблемот со
кучињата и изгадба на стационар за хуман третман;

– Уредување на јавната површина
меѓу зградите;

– Реконструкција и осветлување на
паркот „Пушкин“

На Кисела Вода не ѝ се потребни нови бетонски чудовишта и нови бетонирања – потребно е зеленило, паркови и тревни површини. Исполнување на 10% од ветувањата пред избори не е никаква реализација.

Жителите на Кисела Вода заслужуваат да живеат во урбанистички средена општина, модернизирана и зелена општина, која ги задоволува потребите на сите граѓани – а, не само на неколку групи на интерес, блиски до локалните власти.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
25 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ