Левица – Кочани: СДСМ во Кочани одби референдум за изградба на хидроцентрала на Мала Река

Левица Кочани

Откако неколку месеци наназад локалната власт манипулира со јавноста, конечно паднаа маските. Имено, советниците од владејачкото мнозинство претходно со згрозеност и резигнација ја отфрлаа идејата за изградба на мини-хидроцентрала на Мала Река, за чија изградба дознале „од дојава на загрижен граѓанин“.

Иако дури и се произнесоа против изградба на истата, сега ретерираат од ставот. Односно, деновиве беше отфрлен предлогот за ставање на точка на дневен ред за организирање на референдум! Толку од добрите намери. На мегдан остана само интересот на неколку приватни инвеститори, во спрега со естаблишментот.

Доколку не бидат помудри при изборот на претставници на блиските локални избори, граѓаните ќе бидат принудени да го изодат потешкиот пат – да изнудат референдум преку собирање на потписи од најмалку 20% од вкупниот број жители запишани во избирачкиот список.

ЛЕВИЦА цврсто останува на својот став – не постои повисок интерес од квалитетот на живеење на сите жители. Токму поради тоа, една од основните точки во програмата што ќе ја понудиме на претстојните локални избори ќе биде стопирање на изградба на оваа хидроцентрала и доследна борба со сите загадувачи, чии деловни интереси граѓаните ги плаќаат со здравје и живот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КОЧАНИ
25 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ