Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Кого и што претставуваат етничките политички партии во Македонија

    Погубните национални политики, водени од власта, постојано ја ставаат Република Македонија во подредена положба. Ваквата политика, особено дојде до израз со потпишувањето на т.н. „добрососедски договори“, од кои не произлезе ништо друго, освен негирање, омаловажување и сквернавање на македонскиот народ и држава, заживувајќи ги национал-шовинистичките идеи кај нашите соседи. Ветената поддршка од овие договори во интеграциониот процес, се претвори во главна пречка, додека преземените обврски продуцираат нови протесни ноти, закани и вета.

    Губењето на националната матрица во македонската политика ја заокружуваат етнички профилираните политички партии од таканаречениот албански блок и дејствувањето на нивните политичари. Без разлика на фактот дека постојат повеќе албански етнички партии, сите тие идеолошки се десно ориентирани и единствено ги застапуваат интересите на една етничка група, потискајќи ги сите останати етникуми, вклучително и мнозинското македонско население.

    Последен ваков пример e средбата од пред неколку дена, помеѓу лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши и претседателот на Собранието во Приштина, Глаук Коњуфца. На средбата било констатирано „дека треба и во иднина да се среќаваат во духот на меѓуинституционалната координација меѓу Албанците од Македонија и од Косово“. Патем, никаде не е наведено што претставува праксата „меѓуинституционална координација“.

    Ваквата консталација содржи повеќе спорни моменти, односно: Во чие име преговарал Африм Гаши? Која македонска институција ја претставувал? Вез основа на која одлука и од кого е ополномоштен да договара меѓуинстутиционална координација? Патем, оваа пракса не претставува реткост. За разлика од овој случај, кога во еден ваков процес се впушта политичар од опозицијата, потсетуваме дека пред два месеци, министерот за Надворешни работи Бујар Османи, во официјалната посета на Кралството Шпанија, направи дипломатски скандал, лобирајки за признавање на Косово, застапувајќи интереси на туѓа држава.

    Учеството на етнички профилираните партии во повикувања за попис во дијаспората, нивната партиципација во создавањето и спроведувањето на Тиранска платформа и барањата за промени на националните симболи се само причина за создавање на нови политички кризи. Политичарите кои произлегуваат од етнички профилираните политички партии, постојано потврдуваат дека не можат да сфатат која е нивната држава, од каде се финансирани и чии интереси треба да застапуваат. Единствен начин за излез на овие проблеми е забрана за формирање на етнички профилирани политички партии.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    28 јуни, 2021

    Најнови објави