Кисела Вода против урбаната мафија во спрега на градоначалникот Темелковски

левица кисела вода расадник

Локалниот огранок од Кисела Вода го поддржува утрешниот протест против спорниот ДУП, со кој се предвидува речиси 100 згради во Кисела Вода.

Протестот ќе се одржи пред „Гет Кафе”, со почеток од 18 часот. Изговорите на локалната власт дека просторот не може да се пренамени во паркови и зеленило претставува типичен пример како естаблишментот е поврзан со урбаната мафија.

Скандалозен е фактот дека ваквиот урбанистички план е спротивен на Генералниот урбанистички план, кој предвидува максимален дозволен број жители од 8.000, додека со ДУП-от се предвидени 29.039 жители, што е надминување на параметрите од ГУП-от за 21.039 жители.

Дополнително, иако 40% од земјиштето е државно, преку сомнителни зделки, општината предводена од Филип Темелковски им овозможи на неколку приватни лица да стекнат градежна парцела, со само 30% учество!

Поради безобразната манипулација со јавноста и играње со правото на здрава животна средина, утре ги повикуваме сите искрени граѓани да се приклучат кон протестот, кои се загрижени во каква општина ќе растат нивните деца.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
29 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ