(Видео) Димитар Апасиев за еколошката такса

Димитар Апасиев Еколошка такса

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Не е време за воведување на никаква еко – такса. Напротив, ние се залагаме за еколошки данок за загадување, кој што ќе удри по мафијата од власта и плус ќе се влева во посебен Зелен фонд, бидеќи вака предвидената такса ќе удри најмногу врз СИРОМАШНИТЕ граѓани.

Во поглед на најавата на Владата дека ќе го поднесе со Европско знаменце, ние и покрај тоа ќе поднесеме околу 700-800 амандмани, со цел да го успориме овој процес.

Укажувам на една деловничка интервенција, која ние како Левица ја немаме, но ја има ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е членот 125 од Деловникот, кој до сега не е користен при ваков шверцерат на закони. Имено, овој член му дава право на заинтересираното работно тело, во случајов Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за транспорт и врски и екологија. И двете се под диригентска палка на ВМРО-ДПМНЕ кои може да се вмешаат во процесот и да им ги поматат сметките.”

Пратеникот Димитар Апасиев за најавеното воведување еколошка такса со злоупотреба на европско знаме.

 

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
29 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ