Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Повторно доцнат субвенциите за земјоделците

Иако министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, најавуваше дека до крајот на јуни ќе бидат исплатени сите субвенции, земјоделците повторно се извисени. Земјоделските здруженија од државата реагираат за доцнењето и неисплатените субвенции за сточарството, градинарството и другите гранки.

Донесени во крајна неизвесна и тешка состојба, тие се спремаат за искажување на своето незадоволство со почеток на БЛОКАДИ на граничните премини во државата. Кога Владата нема слух за трудот на оние кои ја оплеменуваат земјата, нив им преостануваат блокади како единствен начин за притисок кон власта на СДСМ и ДУИ да им го исплатат тоа што им го должат.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Никица Бачовски, изјави дека се чека ребаланс на буџетот за добивање на потребните три милијарди денари за исплата на субвенциите, со познатиот изговор дека ќе бидат исплатени во најкус рок. Оваа влада уште еднаш покажа дека нема никаква аграрна стратегија, ниту визија за примарна гранка, како што е производството на храна и дека грижата за земјоделецот ѝ е на последно место.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
30 ЈУЈИ, 2021

Најнови објави