(Видео) Уште во април Европскиот парламент најави вето ако не се затвори заводот во Демир Капија

Завод Демир Капија

Специјалниот завод во Демир Капија е институција за околу двеста лица со посебни потреби кои живеат во ужасни услови, за кој интензивно се пишуваше во шведските медиуми изминатиов период.

Шведскиот европратеник, Давид Лега, во 2018 година ја посетил оваа институција, по што стапил во контакт со тогашната министерка за труд и социјала, Мила Царовска. Од нивна страна било соопштено дека условите за живот во „Специјалниот завод Демир Капија“ се недозволиви, по што е посочена потребата овој завод веднаш да биде затворен, а лицата згрижени во него да бидат префрлени во нов групен дом.

Три години подоцна, од страна на државата овој проблем не е решен. Околу стотина луѓе сѐ уште живеат во вакви услови. Заради ова, европратеникот и параолимпиец Давид Лега поднесе иницијатива до Европскиот парламент за проблемот да биде нотиран во годишните извештаи на Европската Унија. Во април годинава, Европскиот парламент одлучи да побара затворање на институциите, како што е Заводот во Демир Капија и ова барање стана услов за интеграција во Унијата.

За ваквиот случај се пишуваше континуирано во шведските медиуми, додека режимските контролирани медиуми во Македонија пишуваа само за таканаречениот спор со Бугарија. Мелодрамата за бугарското вето, подготвена од политичката елита и актуелизирана преку нивниот пиар, е само обид за прикривање на бројните криминални и коруптивни скандали на оваа власт, заради кои не можат да се отпочнат преговорите со ЕУ.

Едноставно, политичкиот естаблишмент нема ниту желба, ниту капацитет, за решавање на реалните проблеми, како што се корупцијата, социјалниот систем, владеењето на правото, бидејќи токму преку нивното разорување, тие успеваат да останат на власт.

(Видеото е преведено од Шведски медиум)

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ