Кој гради во Кисела Вода без означена табла!

к.вода

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во населба Драчево (кај улиците „Иван Хаџиниколов” и „Живко Фирфов”) деновиве интензивно се гради објект од поголем размер, од непознат инвеститор.

Имено, на овој објект не е поставена информативна табла, спротивно на Законот за градење, кој децидно предвидува дека градилиштето мора да биде означено со информативна табла која задолжително треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата која се гради, како и број и датум на издаденото одобрение за градење.

Се поставува прашањето зошто надлежниот инспекторат во општина Кисела Вода дозволува вакво безаконие, особено кога е очигледно дека не се работи за домување, туку за бизнис – објект?

Јавно го прашуваме градоначалникот Филип Темелковски дали ќе преземе дејствија за санкционирање на анонимниот инвеститор, како и да објасни пред јавноста дали ваквиот објект од поголем размер е во согласност со актуелниот ДУП?

Непостапувањето од страна на надлежните институции дава до знаење дека се работи за уште еден профитабилен бизнис на урбанистичката мафија, а на штета на јавниот интерес на жителите на општина Кисела Вода.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
2 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ