Левица – Демир Хисар: Наместо дом за стари лица – руинирана хорор зграда

демир-хисар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ
Кратка хорор приказна – вака изгледа ветениот дом за стари и изнемоштени лица во село Сопотница, Демир Хисар.
И покрај тоа што оваа зграда ја имаше во програмата на Марјанче Стојановски и локалната власт, како ветување за изградба на дом за стари лица, оваа зграда продолжува да се распаѓа.
Негрижата на општината доведе до распаднати простории, искорната инсталација, украдени радијатори, цевки, врати, плакари, прозорци и безброј други работи!
Ова се случува кога се пишува програма само за да се дополнат празните ветувања на градоначалниците. Пред избори се ветуваат базени, домови за стари лица, паркови и игралишта, за на крајот како успех да си го препишат поставувањето на контејнери за отпад во 21 век.
Го советуваме градоначалникот кога ќе лета на пат за Охрид и Струга, да прелета над зградата и да види што ветил, а не исполнил.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕМИР ХИСАР
3 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ