Левица – Струга поднесе барање за инспекциски надзор за депонирање градежен шут

струга

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ
Деновиве Левица поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор поради депониран градежен шут на струшкото крајбрежје. Депонираниот градежен шут е во близина на запаленото подрачје со трска, за кое Левица поднесе кривична пријава против непознат сторител.
Охридското Езеро, како езеро кое по својата научна вредност е дел на природата со една или повеќе природни карактеристики и специфични, загрозени или ретки обележја, својства или форми и има посебна научна, културна, воспитно-образовна, духовна, естетска или туристичка вредност и функција е класифицирано како „заштитено подрачје – категорија III – Споменик на природата“. Врз основа на таквата класификација, со членот 76 ст. 3 се забрануваат било какви активности во спомениците на природата и во нивната непосредна близина со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.
Доколку овластениот инспектор за животна средина при вршење на инспекцискиот надзор утврди постоење на неправилности, бараме веднаш на физичкото лице да му изрече глоба за сторен прекршок.
Дополнително, доколку е можно да ги прошири наводите и констатира постоење на основано сомнение, го охрабруваме овластениот инспектор за животна средина, за настанот да поднесе и соодветна кривична пријава.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУГА
3 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ