„Пејпер Мил“ повторно загадува и труе – каде се сега функционерите да се сликаат со облаците чад во позадина!

kocani

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Веќе со години трае  борбата на кочанчани за правото да дишат! Да дишат без да вдишуваат отрови. Исто колку што трае итарпејовштината на власта во обидот да ги надитри заложбите за остварување на елементарното човечко право – правото на воздух.

Фабриката „Пејпер мил“, очигледно со поддршка од актуелната власт, не избира средства и начин да продолжи да работи надвор од рамките на дозволеното. И, ако околу Нова година изгледаше дека гласот на граѓаните конечно стигнал до на уши тврдата власт, веќе пролетта покажа оти во прашање било затишје пред бура. Имено, откако Инспекторатот за животна средина по неколку години протести и бурни реакции од страна на граѓаните конечно нотираше дека фабриката работи надвор од рамките на А интегрираната лиценца за работа што ѝ е издадена, сопствениците се обидоа преку уцена со работните места на шеесетина луѓе да изнудат продолжување на дотогашниот начин на работа. Следеше период  на неработење и прилагодување на објектот, со вградување на вреќаст филтер, па филмско реотворање – во присуство на градоначалникот на Кочани и Министерот за животна средина, настан што доби големо медиумско внимание.

Сепак, деновиве повторно сведочиме на апокалиптични облаци чад од фабричкиот оџак на „Пејпер мил“, а жителите кои живеат во негова близина се жалат и на неподнослива смрдеа.

Каде се сега Инспекторатот, градоначалникот и министерот, да се сликаат со облаците чад во позадина и повторно да пласираат информации за успешно завршена приказна? Изгледа оти само приказната остана.

Во склад со нашите програмски цели и реални заложби ја поддржуваме секоја граѓанска иницијатива за ставање крај на труењето на жителите во државата и продолжуваме со напорите да понудиме институционални решенија кои ќе функционираат.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КОЧАНИ
3 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ