Повеќе од три месеци Општина Карпош не одговара на Барањето на Левица за дивиот водовод наменет за богаташите

карпош

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

По повеќе од три месеци, општинската администрација на Карпош на чело со Стефан Богоев се без одговор на барањето доставено од страна на советникот на Левица во Општина Карпош, Бранко Ристов, по однос на градежните активности, кои се одвиваат во Горно Нерези. 

Жителите на ова населено место реагираа до Локалниот огранок на Левица – Карпош поради градежните активности за изградба на див водовод наменет за новите хациендите. Левица достави барање за одговор за тоа, дали истиот овој водовод се гради согласно сите законски прописи и ги има добиено сите дозволи и дали Општина Карпош досега има направено увид на лице место врз основа на пријава на граѓаните или пак по службена должност.

Во меѓувреме градежните активности направија голема штета врз патот Средно Нерези – Горно Нерези, а така оштетениот и несаниран коловоз претставува голема закана за безбедноста на сообраќајот. Дополнително, сe’ уште не се затрупани дел од ископините кои се закана за безбедноста на планинарите.

Ова е вистински доказ за лежерната администрација, која се’ уште нема одговорено на барањето на Левица – Карпош, но и доказ за игнорантскиот однос кон жителите од ова населено место, кои повеќе пати пријавувале до надлежниот инспектор при Општина Карпош.

За потсетување, Богоев, во предизборниот период ветуваше конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето и притисокот на водата во повисоките делови од Средно Нерези, но и Горно Нерези, а наместо тоа, дозволи див водовод за богаташите.

209386068 853509835575526 4638546981093095669 n

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
3 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ