Протест на земјоделците во Прилеп за неисплатените субвенции

Левица Прилеп Земјоделци

Земјоделските здруженија соочени со крајно исцрпувачката состојба во која се наоѓаат предизвикана од ковид пандемијата, неповолните цени на земјоделските производи, зголемените трошоци, лошите временски услови оваа пролет и неисплатата на субвенциите за ланската година, одлучија на 12 јули, Петровден, од 10 до 12 часот да излезат на предупредувачки протест кој ќе се одржи во Прилеп.

Тие со овој протест ќе го искажат своето незадоволство од лагите на оваа политичка гарнитура, како и целокупните лоши состојби во земјоделскиот сектор и немањето на аграрна стратегија. Доколку во најкраток рок не им се исплатат заостанатите субвенции по сите мерки, земјоделците ќе ги радикализираат протестите низ целата држава, како и преку писма ќе ги известат странските амбасади во Р. Македонија.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР
06 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ