Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица – Охрид: Четири месеци се реконструира улицата „Јане Сандански”

Локалната власт на СДСМ во својата програма ветуваше планови и проекти за безбедни патишта и улици, како и создавање услови за еднаква достапност до сите градски зони по мерка на корисниците, со почитување на основните принципи на безбедност.

Но, и како многу пати досега, нивните предизборни ветувања останаа само на хартија, а во реалноста охриѓани го добија спротивното. Имено, потфрлање во реализација на проектите при рекострукција на улиците, се покажа на улицата „АСНОМ”, „Абас Емин” и последно, улицата „Јане Сандански”. Покрај тоа што истите улици се рекоструираат предолг временски период, со што се отежнува нормалното секојдневно функционирање на граѓаните, неколку пати при нивното изведување се вршат поправки и додавки на веќе завршени делови, како што не’ информираат граѓаните.

Дали намерата со ваквите постапки е дополнително да се оптоварува општинскиот буџет и да се одлеваат средства во приватни фирми, токму сега пред спроведување на локалните избори, во услови кога знаеме дека СДСМ стои лошо на сите анкети?! На ова прашање најповикан е да одговори градскиот татко и советниците од владејачката партија, бидејќи само тие го знаат одговорот.

Ниту еднаш досега за ваквите потфрлања во реализацијата на програмските заложби, градоначалникот Константин Георгиевски не се осмели да презме политичка и морална одговорност, иако согласно законот за локалната самоуправа негова должност е професионално да ја извршува функцијата на која е избран и иситот е директно одговорен за работењето на општината.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
07 јули, 2021

Најнови објави