Левица – Центар: Власта повторно и удоволи на урбаната мафија

саша-богдановиќ

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Занемарувајќи ги сите граѓански иницијативи, апелите од експертите и добробитот на жителите на Општина Центар, владејачката СДСМ, по кој знае кој пат ги продолжи и удвои криминалите за кои во предизборието тврдеше дека ќе ги сопре.

Спорната локација спроти „Холидеј Ин“ сепак со амин од градоначалниот на Општина Центар – Саша Богдановиќ и Комисијата при Министерството за транспорт и врски предводена од професорот на Архитектонскиот факултет, Мирослав Грчев, доби дозвола за градба на првата висококатница, додека останатите две ќе ја добијат истата по плаќањето на комуналиите.

Иако градоначалникот Богдановиќ доби низа предлози за тоа како би можел да ја спречи целата постапка, како од Левица така и од низа граѓански иницијативи, сепак одлучи да го истурка целиов овој криминоген проект и да ѓи задоволи апетите на олигарсите под изговор дека имал „врзани раце“.

Левица нагласува дека погрешно доставување на елаборатите и неделување на ниеден начин не се „врзани раце“, туку само уште едно дрско однесување и потценување на капацитетот и интелигенцијата на јавноста, особено на жителите на општина Центар кои по кој знае кој пат ќе ја платат цената на ваквото сервилно однесување и делување.

Уште еднаш апелираме дека ова е можеби најштетниот проект кој и се случил на Општина Центар и дека Левица ќе направи се во рамките на своите можности да го спречи ваквото дивеење врз урбаниот простор и граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
9 јули 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ