(Видео) Левица – Свети Николе бара инспекциски надзор во депонијата кај Мавровица

Свети Николе

По бројните фото и видео докази од палење на отпад во депонијата кај м.в. Мавровица, кои беа испратени до нас од страна на жители на Свети Николе, правниот тим на Левица поднесе Иницијатива за вршење на инспекциски надзор.

Од Локалниот инспекторат за животна средина, согласно член 94, 96 и 142 од Законот за управување со отпад, бараме да изврши увид и контрола дали отстранувањето на отпадот по пат на горење или согорување се врши во посебно конструирани инсталации и дали истите ги задоволуваат условите пропишани со дозволата, вклучувајќи ги и граничните вредности на емисија во воздухот, водата и почвата.

Доколку овластениот државен инспектор за животна средина при вршење на инспекцискиот надзор утврди постоење на неправилности, бараме веднаш да се поведе прекршочна постапка согласно Законот за животна средина.

Исто така, бараме вонредниот инспекциски надзор да биде спроведен веднаш согласно член 71 став 2 од Законот за инспекциски надзор.

Во прилог следи и видеото испратено до нас од страна на граѓаните.


 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
09 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ