Во Чаир класата е највисок степен на идентитет

Левица Чаир

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

За Локалниот огранок на Левица – Чаир, обелоденувањето на криминалните завери на урбанистичката мафија и партијата на власт, не е ништо ново.

Од епизодата јасно се изведуваат заклучоци дека за властите во Општина Чаир општото добро на населението е само флоскула за легитимитет на корумпираните структури.

Тоа што Чаир е партиски бастион а и своевиден микрокосмос за сите контрадикции на ДУИ – укажува на севкупното лицемерие на оваа партија. Првобитно како национална партија чија највисока форма на општествени вредности е интеграцијата на Албанците во државниот апарат, преку своите постапки докажува дека ги има киднапирано албанскиот политички дух и заробено албанскиот работник под својата класна чизма.

Второ, ние жителите на Општина Чаир сме најголеми сведоци за карикатурата на ЗЕЛЕНА партија која ДУИ пробува да ја втемели во својот идентитет. Веќе 15 години, општината систематски работи на уништување на животната средина, и ги таргетира сите зелени површини како плен за својата мафијашка политика.


 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЧАИР
09 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ