Левица – Карпош: Депонии никнуваат над Жданец и Средно Нерези

Левица Карпош Нерези Депонии

Наскоро не очекуваат локалните избори, а локалните власти се веќе посветени на своите предизборни средби по маалата, шминкање на улици, тротоари и се’ она што не било остварено од нивните програми т.е. замајување на јавноста. Доколу градоначалникот се оценува според она што го прави во последните месеци, дава слика дека, ако продолжи со ова темпо ќе бидат решени сите проблеми на граѓаните. Но, кога ќе го поткренеме ќилимот, ќе го забележиме сиот отпад и натрупани нерешени проблеми на едно место.

Доволно е само малку да се оддалечиме кон периферијата на Општината Карпош, за да ја видиме целата неспособност на градоначалникот во соочувањето со вистинските проблеми. Таму ќе се соочиме со депонии и натрупан смет, а во конкретниов случај се работи за депонии над Жданец и Средно Нерези, кои никнуваат секојдневно.

Планира ли градоначалникот да ја промени оваа слика, а со тоа и сликата на граѓаните за него, барем пред крајот на својот мандат!? Планира ли градоначалникот наместо со фиктивните проекти за разубавување на сликата за работата на општината, да се позанимава со реалните проблеми на граѓаните!? Планира ли општината Карпош да биде чиста и урбана Општина или ќе продолжи да станува бетонска џунгла во центарот и депонија на периферијата!?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
10 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ