Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица – Тетово: Училишниот двор од ОУ “Лирија” претворен во паркинг

Тетовчани се загрижени од автомобилите паркирани во дворот на основното училиште „Лирија“ во Тетово. Тие велат дека ако можат со возилата и во училиштето ќе влезат.

Овој проблем се јавува веќе 2 години за време на летниот период во ова училиште.

Училишниот двор наместо да им служи на децата за спортување, тоа служи за паркинг.

За проблемот на тетовчани околу недостигот на паркинг места, на локалните избори во 2013 и 2017 година, градоначалничката Теута Арифи, дури им вети и подземени паркинзи, кои за жал никогаш не беа направени.

Сепак по се’ изгледа дека јавниот превоз, подземните паркинзи, проектите за чист и урбан град, и понатаму остануваат само празни ветувања на зелените.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
10 јули, 2021

Најнови објави