(Видео) Стариот дел на Охрид блокиран сред сезона

Левица Охрид

СДСМ и Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, интензивно ја започнаа предизборната кампања. Продолжува налудничавото асфалтирање на улиците и тоа сред сезона.

До Левица – Охрид денес, од група изреволтирани граѓани од стариот дел на градот, стигна информација за асфалтирање на улица кај Горна Порта. Информацијата, како и секогаш, ви ја пренесуваме во целост.

,,Сред сезона, на 9 јули, во 14:15 часот се асфалтира улица во Горна Порта. Улицата е целосно блокирана, без претходно известување. Не бевме известени дури ни од работникот кај рампата, па по долгото чекање моравме да се враќаме назад.”

Сосема оправдано охриѓани се изреволтирани од ваквата налудничава постапка на локалната власт во Охрид. Сред сезона, кога Охрид е полн со туристи и групи од странство, кога стариот дел од градот е најпосетуваното место во Охрид, каде се сконцентрирани сите културно – историски споменици, градоначалникот ги блокира улиците.

Му порачуваме на градоначалникот, кога веќе асфалтирање стана главна активност во неговата градоначалничка кариера, истото можеше да го реализира пред почетокот на туристичката сезона или по завршувањето , кога и официјално ќе започне предизборната кампања. Секако на охриѓани им е совршено јасно дека е ова најголемиот популизам пред избори.


 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
10 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ