Власта и опозицијата рака под рака едногласно го изгласаа уништувањето на реката Дошница

dosnica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Изградбата на двете нови мини-хидроцентрали „Баров Дол“ и „Папрад“, за кои опозицијата и власта едногласно кажаа „ДА” во Советот на Општина Кавадарци, дефинитивно ќе придонесат за крајот и пресушувањето на реката Дошница.

Овие хидроцентрали со зафаќање на 85 отсто од вкупната вода на рекaта и пренасочувањето на истата преку цевки во коритото, ќе направат да остане само биолошкиот минимум, со што ќе се уништи целот тек. Самиот ваков зафат би ја загрозил речната пастрмка и сите останати видови што живеат во овие води.

Дополнително, изградбата на пристапни патишта за тешка механизација, исто така комплетно ќа ја уништи природата и биодиверзитетот, за на крај од целата природа да остане само бучавата, уништената флора и фауна, како и еден куп ладен бетон.

Врвот на безобразието и перверзијата е тоа што државата им гарантирала на инвеститорите дека произведената струја ќе им ја откупи по повластена повисока цена во наредните неколку години, а со тоа директно ќе се влијае во покачувањето на струјата секој јули. Всушност, на овој начин народот сам ќе си плаќа и придонесува во уништувањето на своите реки, иако уште во 2017 година жителите на демиркапиското село Чифлик, побараа да се одземат ваквите дозволи за изградба на минихидроцентрали на реката Дошница, стравувајќи дека ќе останат без вода за пиење, бидејќи бунарскиот систем од кој се снабдуваат со вода е во близина на реката.
Ваквиот план за уништување на реката Дошница и околната природа е под закрила на владиниот пи-ар проект „зелена обновлива енергија”, кој има за цел само да ги полни веќе наполнетите џебови на приватните газди и господата од власта.

Левица – Кавадарци итно бара национализирање на малите приватни хидроцентрали и поништување на овој штетен закон со кој се дозолува уништувањето и пресушувањето на реката.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАВАДАРЦИ
12 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ