Имагинацијата на власта не може да ја анулира реалната слика во Делчево

delcevo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Трудејќи се со сите сили да го задржи монополот врз одлучувањето, власта почна да го става акцентот на естетски и неприоритетни проекти наместо на суштински проблеми.

Во градот има неколку фонтани, па и чешми од кои дел не служат за нивната основна намена од непознати причини. Не само што нема проток на вода, туку и нивниот руиниран изглед сведочи на недомаќинското однесување на власта генерално спрема сите постоечки објекти во општината. Но, наместо да ги обнови и да им ја врати функцијата, власта донесе одлука на 100 метри од овие фонтани да изгради нови, се’ со цел на неколку месеци пред локалните избори да им се додвори на граѓаните.

Левица во својата програма предвидува рестарвација на сите корисни и препознатливи објекти за градот Делчево. Воедно сме против трошење на пари за вакви некорисни „проекти“, како што се фонтаните, од кои интерес и профит имаат само досегашните функционери во општинската власт.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
13 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ