Поддршка за Куба – против контрареволуционерните демонстранти кои се во служба на империјалистичките интереси

poddrska-za-kuba

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во текот на пандемијата поради Корона вирусот недоволно беше запазена општата солидарна политика на Куба кон светот, нетипична за сите останати земји од западниот свет, при што овој слободарски остров упати лекарски тимови не само во периферните-неразвиени, туку и во земјите на капиталистичкиот центар како Франција и Италија. Залудни беа сите обиди да се ублажи хостилниот дипломатски амбиент кој веќе шест децении се наметнува по волја на една држава – САД.

Без разлика на се, мудрото раководење со капацитетите на Куба ѝ овозможи потполно да развие дури две вакцини против КОВИД-19, со цел заштита на домашното население како и да обезбеди меѓународна помош за земјите периферизирани од останатите механизми за редистрибуција на вакцини – во овој момент само 1% од населението во третиот свет е вакцинирано против Корона вирусот.

На гласањето на Генералното Собрание на ОН на 23. јуни годинава, од 189 членки само САД и Израел беа против укинувањето на нехуманите санкции. Згора на тоа, без почитување кон суверенитетот на Куба, продолжи поттикнувањето на социјални немири и разгорување на наметнатата економска криза во ова идеолошки напредно општество – односно, контрареволуционерните демонстранти под лицемерната парола „татковина и живот” се ставија во служба на империјалистичките интереси кои целат градовите на Куба повторно да ги претворат во гнезда на бордели, а селата во латифундии. Овој оркестиран притисок врз кубанското раководство се врши во време кога дневниот број на заболени од Ковид-19 е највисок од самиот почеток на пандемијата во оваа земја, која покажа исклучителна организираност потпирајќи се на сопствените интелектуални и материјални ресурси.

Во октомври минатата година, амбасадорката на Куба – Каридад Јамира Кието, изрази спремност да и помогне на Македонија во однос на секаква итност, вклучувајќи ја и борбата против Корона вирусот, алудирајќи на Макеоднија како пријателска земја. Денеска, ние ја изразуваме нашата поддршка до кубанскиот народ со желба што поскоро да ја испратат и оваа злокобна епизода на буништето на историјата, апелирајќи притоа што побрзо да се изгласа укинувањето на сите видови санкции кон оваа пријателска земја. Солидарноста не познава граници – затоа и нашата реакција во овие мигови е одраз на благородниот однос на светската политичка сцена кој Куба го покажуваше од своето основање до ден денес.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И БЕЗБЕДНОСТ
13 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ