(Видео) Крмов: Власта го шверцува Законот за државјанство

2 Борислав Крмов Талат Џафери Левица

Прес конференција на пратеникот Борислав Крмов, по повод шверцуваниот Закон за државјанство со европско знаменце:

„Како е можно еден Закон, до вчера да не носи Европско знамеце, сега одеднаш да стане со Европско знаменце, сега одеднаш да мора да се усогласуваат со некои си европски регулативи, значи такво нешто е невозможно. Тоа е потсмевање со целата јавност практично, посебно и со стручната јавност.

Значи најголемиот проблем е тоа што Законот ја крши Европската конвенција за државјанства, којашто ние како држава ја имаме ратификувано. И ние имавме не знам колку гостувања, не знам колку пати зборувавме, покажавме и докажавме зошто ваков системски Закон не се носи во ниедна држава позади затворени врати, мора со јавна расправа, посебно во ваква држава каде што се етничките заедници толку поларизирани.

На ваков начин шверцување на овај закон претставува кривично дело, и тоа кривично дело за сите потписници во целата фаза на законот како што ќе оди во процедура. Значи почнувајќи од Министерството за надворешни работи, таму ќе биде потписот на министерот Оливер Спасовски, понатаму потписот на премиерот Заев како предлагач од Владата, претседателот Џафери, кој што треба да го пушти во процедура на крај дури и претседателот Пендаровски, кој што треба да го потпише. Сите тие подлежат на кривична одговорност и треба да внимаваат што прават.

Ние деновиве сме во изработка на Специјален закон, т.е. на дополнување на Кривичниот законик, кадешто оваа веќе толку зачестена злоупотреба на Европското знаменце ќе ја направиме и кривично дело, кое што ќе биде казниво до 5 години, тоа вчера го објави и претседателот Апасиев.“

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ