Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    И во Струга не се почитува Законот за употреба на државното знаме

    Понижувања на националните обележја се секојдневие на власта предводена од СДСМ и ДУИ. Со директно кршење на Уставот и позитивните законски прописи, од највисоки владини функционери сведочиме постојано непочитување на државните симболи, како што се знамето и јазикот.

    Покрај скандалозното обраќање на албански јазик во Европскиот Парламент од страна на спикерот Талат Џафери; насилната и незаконска двојазичност во Собранието; официјални објави само на албански јазик во институциите каде владее кадар на ДУИ, дополнително во струшкиот регион се вее само албанското знаме.

    Конкретната слика е од село Добовјани. Потсетуваме дека, согласно Законот за употреба на знамињата на заедниците, „Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, пред и во објектите на органите на единицата на локалната самоуправа постојано се истакнати знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница.”

    Ваквото флагрантно кршење на законот и демонстрирање национал-шовинизам е континуитет кој се толерира со години, во услови кога струшкиот регион бележи најмногу иселени жители, без разлика на нивната етничка припадност. Јасно е дека таканаречените албански партии, без никаква економска визија за Струга и преку ширење етничка нетрпеливост се обидуваат да ја задржат својата позиција на власт, додека локалното население масовно се иселува.

    Впрочем, за ваквите етно-шовинистички политики, доволно говори фактот што довербата во овие партии е на значително најниско ниво во последните години и дека обичните граѓани сакаат да живеат во економски стабилна држава, каде се почитува владеењето на правото, каде борбата против корупцијата не се води од криминални партии кои 20 години се на власт и каде зелената агенда не ја спроведува партијата која е најголем виновик за дивоградбите и пустошот на Охридското езеро.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУГА
    16 јули, 2021

    Најнови објави