Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Иако жетвата на пченицата е при крај, откупни цени со мелничарите не се договорени

    На крајот на овогодишната жетва на пченицата, земјоделците се одлучуваат да ја складираат пченицата и да не ја предаваат на мелничарите. Цената која им се нуди од 10 до 10.5 ден за килограм, е прениска, нерентабилна, и затоа се одлучуваат да ја складираат за подобри времиња, односно кога ќе им се понуди реална откупна цена.

    При зголемени трошоци за производство, зголемена цена на нафтата и сушата што ја зафати државата која ги намали приносите, минимална откупна цена би требало да биде 12 ден за килограм.

    Државата досега не покажа интерес да ги заштити земјоделците и домашното производство на пченица од апетитите на мелничарите.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР
    19 јули, 2021

    Најнови објави